Николај Малинов, осомничен лидер на партијата “Русофили“, се кандидира за претседател на Бугарија

Од:

Бугарскиот политичар Николај Малинов, кој е обвинет за шпионажа во корист на Русија, денеска поднесе документи за учество на претседателските избори, закажани за 14 ноември.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Јавното обвинителство издало соопштение дека случајот против Малинов го поднел до Специјалниот суд и дека судењето е закажано за 26 октомври.

Поранешниот пратеник на БСП и поранешен издавач на левичарскиот весник „Дума“, Николај Малинов, на почетокот на септември 2021 година беше обвинет за шпионажа во корист на Русија. Како лидер на движењето „Русофили“, тој кон крајот на 2020 година формираше партија со која учествуваше во редовните парламентарни избори во април.

За Бугарското национално радио, Малинов ја соопшти својата намера да се кандидира на претседателските избори, наведувајќи дека ќе биде предложен од партијата „Русофили за преродба на татковината“, чиј претседател е тој.

Бугарското обвинителство објави дека судскиот процес против Малинов, обвинет дека се „ставил во служба на странска организација да и служи како шпион со цел објавување информации што се државна тајна“, ќе почне на 26 октомври, а одлуката денеска на првичен претрес ја донесе судскиот совет на Специјалниот суд.

Бугарското обвинителство, исто така, посочи дека за време на истрагата биле сослушани сведоци, извршени се претреси и одземања на предмети, како и личен претрес на обвинетиот Малинов. Подготвени се и две компјутерско-технички експертизи, направена е графолошка експертиза за собраните материјални докази, направена е анализа на собраните документи. За време на судењето треба да бидат сослушани речиси 40 сведоци.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски