Независни хрватски селани бараат легализација на канабисот

Од:

Независните хрватски селани (НХС) ја повикаа Владата во Загреб да размисли за донесување закон за легализација на канабисот во медицински и рекреативни цели затоа што, како што велат, тоа може да има позитивно влијание на развојот на земјоделството и селата, а и на индустријата и туризмот.

Претседателот на НХС, Мато Млинариќ на прес-конференција одржана на пазарот „Долац“ во Загреб, рече дека консумирањето канабис не создава зависност и дека тоа растение има лековити својства за разлика од цигарите и алкохолот кои се легални, а докажано е дека предизвикуваат зависност штетна по здравјето на луѓето.

„Никој не умрел од марихуана, а секојдневно умираат и заболуваат луѓе од цигари и алкохол, кои се регулирани со закон“, рече Млинариќ.

Би можело да ве интересира

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија

Двајца повредени од пожарот во Кочани пристигнаа на лекување во Загреб

Цвијановиќ ги повика Хрватска и Србија да одржат нови преговори за Дејтон

ВИДЕО: Акцијата за спасување на Костелиќ во Црна Гора траела пет часа, објавени снимки

Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ

Трагедија во Хрватска: Три деца загинаа во пожар