Незадоволен работник го искршил, па го запалил камионот на шефот

Од:

Градежен работник од Хрватска, незадоволен од својот статус, прво ги искршил стаклата, а потоа и го запалил камионот на својот шеф, пренесе „Далматински портал“.

Во близина на местото каде бил паркиран камионот имало и неколку плински боци, но, за среќа, била избегната вистинска катастрофа. Како што рекле сведоци на инцидентот, човекот, кој го запалил камионот, мирно стоел и гледал како огнот го голта возилото.

„Две години не сум добил плата. Спиев во контејнер, добивав само еден седнвич дневно“, сведоци ги прераскажале неговите зборови.

Полицијата го привела работникот, кој останал да стои во близина на камионот.

„Поубаво ќе ми биде во затвор“, рекол тој додека го приведувале полицајците.

Би можело да ве интересира

Најмалку две лица загина во сообраќајка во Хрватска

Сообраќајна несреќа во Хрватска, неколку лица загинаа, има и повредени

Две сестри тргнаа на свадба, починаа во сообраќајка

А1он

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин