Нема опасност од прекин на државните плаќања во Кипар

Од:

До март нема опасност од прекин на државните плаќања на Кипар, изјави министерот за финансии Васос Сиарлис во интервју за државната телевизија РИК.

Сиарлис истакна дека финансиските потреби на државата можат успешно да бидат покриени.

Според него, големиот проблем, пред кој е исправена Никозија, е сумата за рекапитализација на банкарскиот сектор. Тоа прашање ќе биде разгледано на состанокот на Еврогрупата на 21 јануари.

Поранешниот претседател на Еврогрупата Жан Клод-Јункер и Јорг Асмусен од Европската централна банка веќе изјавија дека нема веројатност за намалување на државниот долг на Кипар преку кастрење на обврзниците, сопственост на приватни инвеститори.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар