Неколку илјади лица протестираа во Келн против посетата на Ердоган

Од:

Под засилен полициски надѕор неколку илјади лица протестираа денеска во германскиот град Келн поради посетата на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, осудувајќи ја корупцијата и нарушувањето на слободите во Турција.

Демонстрантите почнаа да се собираат на централниот плоштад на повик на здруженијата на алевитите, либералното крило во исламот, кое има силно присуство во Турција и по традиција им се спротивставува на конзервативците.

Некои од демонстрантите носеа рударски шлемови со натпис „Сома“, во спомен на 301 рудари кои загинаа минатата седмица во инцидент во рудникот за јаглен со истото име.

Турскиот премиер планира да се обрати пред неколку илјади приврзаници во салата Ланксес Арена, на десниот брег на реката Рајна.

Турците се најголемо етнично малцинство во Германија. Околу 1,6 милиони германски државјани се Турци, а уште толку имаат турско потекло.

Според турските медиуми можно е Ердоган да го искористи овој настан за да ја објави својата кандидатура за претседателските избори.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски