Негативни резултати од анализите на правта испратена до конзулатите во Истанбул

Од:

Првичните анализи на правта од сомнителните пакети, што беа испратени минатата недела во пет странски конзулати во Истанбул, не покажуваат присуство на опасна материја, соопшти денеска турското Министерство за здравство.

Министерството нагласи дека правта во пакетите имала негативни резултати за антракс, рицин, ботулинов токсин и колера, но сепак ќе бидат направени и дополнителни анализи.

Конзулатуте на Канада, Белгија, Германија, Франција и САД во петокот добија коверти со сомнителен жолт прав, а турските власти соопштија дека унгарското дипломатско претставништво во Истанбул денеска добило ист таков пакет.

Некои од амбасадите беа евакуирани, а најмалку седум лица од канадското претставништво беа превентивно хоспитализирани откако еден од нив ја отворил пратката и имал контакт со жолтата прав. 

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски