НАТО ќе го контролира воздушниот простор над Црна Гора

Од:

Грција и Италија, како членки на НАТО, ќе го контролираат воздушниот простор над Црна Гора, изјави денеска црногорскиот министер за одбрана Предраг Бошковиќ, наведувајќи дека во мометов се подготвува процедура за отпишување на технички договор.

– Имено, Грција и Италија ќе го контролираат воздушниот простор наместо Црна Гора, како што прават повеќе години. Тоа не ни претставува проблем. Наша задача е да го заштитиме воздушниот простор со хеликоптери на помала височина, нагласи Бошковиќ.

Тој посочи дека Црна Гора годишно дава по 475.000 евра за членство во Алијансата, и тоа е единствената обврска која земјата ја има кон НАТО.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство