Американската Национална аеронаутичка и вселенска агенција (НАСА) на својата интернет-страница објави фотографии од поплавените подрачја во Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска, снимени со сателитот Аква на 19 мај.
На снимките јасно се гледаат поплавените подрачја, кои со својата црна боја се истакнуваат во однос на вегетацијата, прикажана со зелена боја и земјата прикажана со кафена боја.
НАСА за споредба објави фотографија на истото подрачје снимено пред една година, кога немаше поплави.
На подрачјето на Балканот само за три дена наврна дожд колку што изнесува тримесечнот просек што доведе до разопрни поплави, при што загинаа десетици луѓе.