Напаѓачот врз турското Министерствот за правда е меѓу уапсените кај грчкиот остров Иос

Од:

Членот на турската екстремно левичарска група Револуционерна партија и фронт за народно ослободување (ДХКП-Ц), Хасан Бибер кој е осомничен за нападот со рачна бомба врз зградата на Министерството за правда во Анкара во март годинава, е меѓу четворицата уапсени при акцијата на грчката полиција кај островот Иос, во која беше запленет гумен чамец со оружје и експлозиви, објави весникот „Милиет“.

Турскиот весник потсетува дека на 1 февруари ДХКП-Ц организираше самоубиствен бомбашки напад врз Американската амбасада во Анкара, а во март изрши истовремени напади врз зградата на Министерството за правда и врз седиштето на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) во Анкара.

Весникот наведува дека турските власти го насочија вниманието кон Грција, откако е утврдено дека напаѓачот врз Американската амбасада во Анкара, Еџевит Шанла, за нападот бил обучуван од лидери на организацијата, кои се наоѓаат во Грција, како и дека инструкциите за другите два напади исто така дошле од кадри на групата во оваа соседна
земја.

Утврдено е, исто така, дека по двата напада во март, членови на организацијата побегнале во Грција.

По нападот врз Американската амбасада во Анкара, ЦИА и ФБИ стапија во контакт со турските власти, истражувајќи ги активностите на ДХКП-Ц, а Американците дури почнаа и федерална судска истрага против групата. По обезбедените докази од турските власти, во рамки на истрагата на активностите на ДХКП-Ц американското Јавно обвинителство извршило силен притисок врз Атина, наведува весникот „Милиет“.

Весникот посочува дека притисокот дал резултат и дека грчкото разузнавање и полицијата презеле мерки против ДХКП-Ц.

Членот на оганизацијата, Булут Јајла, кој планирал да премине во Турција за да изведе самоубиствен бомбашки напад, неодамна беше приведен во Грција и е екстрадиран во Турција. Од изјавите на Јајла се дознало дека ДХКП-Ц планира нови бомбашки напади во големите турски градови, а извршителите сакале во земјата да влезат по морски пат.

Турскиот министер за внатрешни работи Муамер Ѓулер вчера соопшти дека во акцијата на грчката полиција кај островот Иос биле приведен членот на ДХКП-Ц, Хасан Бибер, уште еден член на истата организација, како и две други лица, со француски и бугарски документи за идентификација, за кои, меѓутоа, се претпоставува дека се турски државјани.

Ѓулер посочи дека турските власти располагаат со разузнавачка информација дека Бибер подготвува нов напад во Турција.

Министерот додаде и дека грчката полиција во операција во Атина привела уште две лица, повразни со истиот случај.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос