Највисоките српски официјални лица на средба со хрватскиот претседател

Од:

Највисоките српски официјални лица ќе разговараат денеска со хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ кој е во посета на Белград.

Според белградски медиуми, се очекува да стане збор за нова и стари теми – за употребата на кириличното писмо, воените злосторства, исчезнатите луѓе, пензиите за бегалците, правата на малцинствата, но и за тужби и контратужби за геноцид кои Хрватска и Србија меѓусебно ги поднесоа во Меѓународниот суд за правда.

Јосиповиќ прво ќе разговара со претседателот Томислав Николиќ, а на претседателите подоцна ќе им се придружат и државни делегации. Ќе следи потпишување Договор за соработка на Факултетите за политички науки во Белград и во Загреб. Со хрватскиот гостин ќе разговара и премиерот Ивица Дачиќ, претседателот на парламентот Небојша Стефановиќ, а планирано е тој да има говор во парламентот на Србија, јави Танјуг.

 

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија