Најмалку сто повредени во Турција во земјотресот во Егејско Море

Од:

Најмалку сто лица се повредени во Турција во денешниот земјотрес во Егејско Море, изјави претставник на турските власти.

Земјотресот се случил во 12.25 часот југозападно од грчкиот остров Самотраки и во близина до турскиот остров Гокчеда и до грчкиот остров Лимнос.

Ахмет Чинар, валија на округот Чанаккале, Северозападна Турција, каде што се наоѓа и Гокчеда, изјави дека над сто лица, како на островот, така и во континенталниот дел, побарале лекување поради лесни повреди.

Поголемиот дел од нив се повредиле, додека во паника се обидувале да ги напуштат зградите. Најмалку една жена била повредена од паднати цигли.

Земјотресот предизвика и штетни на територијата на округот.

Во Чанаккале биле и евакуирани пациентите од државната болница, чии ѕидови испукале. Властите градат полска болница, каде што ќе се згрижат пациентите.

Дежурен службеник од полицијата на грчкиот остров Лимнос изјави дека британска туристка била лесно повредена на аеродромот, кога паднал дел од таванот. Не се соопштува за други настраданите или штети.

Интензитетот на потресот бил меѓу 6,3 и 6,9 според различни геофизички институти.

– Потресот се случил во реон со особено висока сеизмичка активност, каде во минатото се случувале земјотреси до седмиот степен, рече Манолис Скордилис од Институтот за геофизика при Солунскиот универзитет Аристотел.

Земјотресот, почувствуван исто така и во Македонија, Србија и Бугарија, бил проследен од серија вторични потреси.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски