Најмалку четворица повредени од залутани сириски куршуми во Турција

Од:

Најмалку четири лица се повредени од залутани сириски куршуми во турскиот граничен град Џејланпинар, соопшти турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк.


Повредените се пренесени во болница. Еден од повредените се наоѓа во тешка здравствена состојба.


Двајца од повредените биле погодени од залутани куршуми во своите домови.


Куршумите биле истрелани во текот на ноќта за време на борбите во близина на сирискиот град Рас Ал Аин.


Си-Ен-Ен-Турк наведува дека при судирите во Сирија во текот на ноќта од минофрлачки проектил била погодена куќа во Дејланпинар. Во несреќата нема повредни.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски