Најмалку 33 бегалци се удавија во Егејското Море, 75 спасени

Од:

Најмалку 33 бегалци се удавија, додека 75 се спасени кога нивниот брод потонал во Егејското Море додека се обидувале да пристигнат од Турција во Грција, јавија турски медиуми.

Меѓу загинатите има и најмалку пет деца.

Припадници на турската крајбрежна стража ја продолжуваат потрагата по настраданите, бидејќи се уште не се знае колку луѓе се наоѓале на бродот.

– Најмалку 33 лица настрадаа и се плашам дека тој број би можел да биде и поголем, изјави градоначалникот на Ајваџик Мехмет Унал Сахин за Си-Ен-Ен Турк.

Бегалците тргнале од провинцијата Чанаккале, од Ајваџик најверојатно кон грчкиот остров Лезбос.

Во Турција се наоѓаат 2,2 милиони бегалци од Сирија, а според податоците на Организацијата за миграција на ОН, над милион бегалци пристигнале во Европа по морски пат.

Би можело да ве интересира

Мицотакис: Во овие околности меморандумите нема да се ратификуваат во грчкиот Парламент

Маринакис: Другата страна не ги почитува основните работи, односно името на земјата, која не се вика Македонија, туку Северна Македонија

Каселакис: Меморандумите се позитивни за Грција и од геополитички и од економски причини

Сè додека трае оваа ситуација нема да ги ратификуваме меморандумите, повторно порака од Грција

Катерина Ѓуровски

Грчкиот Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија меѓу Скопје и Крф

Катерина Ѓуровски

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до договорот за промена на името

Орце Костов