Околу 20 случаи на Ковид-19 се потврдени на Света Гора, а еден монах е хоспитализиран и приклучен на апарати. Парлалелно, независно од регистрираните случаи, со одлука на заменик- управителот на Света Гора забраната на сите посети за поклоненија е продолжена до 15 април 2021 година
Во исто време, ќе продолжи и тестирањето со рапид тестови на пристаништата што водат до Света Гора.
На 20 март започна имунизацијата на Света Гора, а според информативниот портал „Вориа“ на располагање се 1.000 дози од вакцината, околу 600 лица изразиле желба да се вакцинираат, а вакцината веќе ја примиле 150 монаси.