Најмалку 20 повредени при експлозија во Анкара

Од:

Најмалку 20 лица се повредени при експлозија во индустриска зона во Анкара, а тројца од нив се наоѓаат во тешка здравствена состојба, соопштија локалните власти.

Според соопштението, експлозијата се случила во фабрика за производство на вештачки мраз во индустриската зона „Остим Јозпетек“ и веројатно била предизвикана од компресија на јаглерод диоксид во танкер со гориво.

Очевидци тврдат дека експлозијата била почувствувана како земјотрес.

Причинета е значителна материјална штета и на производствените објекти во околината, а спасувачките операции продолжуваат.

На местото на инцидентот веднаш се испратени противпожарни и возила за медицинска помош. 

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски