Најмалку 13 загинати и 55 повредени во бомбашки напад на автобус во Кајсери

Од:

Најмалку 13 лица загинаа, а над 55 се повредени утрово при експлозија на автобус во близина на Универзитетот во турскиот град Кајсери, соопштија западните медиуми.

Инцидентот се случил на автобуска постројка кога еден автомобил, наполнет со експлозив, експлодирал во момент кога автобусот минувал покрај него. Со автобусот патувале цивили и воени лица кои не биле на должност.

Гувернерот на округот Кајсери, Силејман Камчи потврди дека нападот бил извршен со автомобил-бомба, која била активирана во близина на автобусот.

– Тоа беше напад врз воените лица кои се наоѓаа во автобусот, истакна Камчи.

Според здравствените власти, можно е бројот на жртвите да биде поголем бидејќи некои од повредените се наоѓаат во критична состојба. Меѓу загинатите има и цивили.

На местото на несреќата веднаш се упатиле возила на итна медицинска помош. Реонот е блокиран од полицијата и се спроведува истрага. Засега никој нема преземено одговорност за нападот.

Турскиот премиер Бинали Јилдирим, кој денеска требаше да замине во Кајсери, го одложи патувањето поради нападот и го свика министерскиот совет на итна седница. Кабинетот на премиерот побара од медиумите да се воздржат од информации за нападот, кои би можеле да предизвикаат „страв во општеството, паника и немири, кои би помогнале за целите на терористичките организции“.

Министерот за одбрана Фикри Ишик напиша на Твитер дека Турција двојно ќе ги зајакне напорите во борбата против бунтовниците.

– Ќе се бориме против тие плашливци со национална мобилизација, нагласи Ишик, без да соопшти повеќе детали.

Овој инцидент се случува само една недела откако во двоен бомбашки напад на курдски екстремисти пред стадион во Истанбул се убиени 44 лица, а најмалку 10 беа повредени.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски