Најмалку 11 мигранти загинаа во несреќи покрај три грчки острови

Од:

Најмалку 11 мигранти загинаа, меѓу кои осум деца во несреќи покрај грчките егејски острови Лезбос, Самос и Агатониси, а грчката крајбрежна стража почна спасувачки операции и трага по повеќе од 40 лица, кои се сметаат за исчезнати, јавија грчките медиуми.

Потрагата почна по инцидентот со бегалците во морето северно од Лезбос, во кој околу 38 лица се водат како исчезнати.

Во меѓувреме две момчиња и еден маж загинале, откако дрвениот чамец со кој патувале се превртел.

Грчките власти соопштија дека во операциите на крајбрежната стража биле спасени 242 лица.

Бродови на Грција и на Фронтекс спасиле 71 мигрант покрај бреговите на Лезбос. Климатските услови во регионот се исклучително тешки. Во потрагата по бегалците биле пронајдени две мали деца, од кои едното е хоспитализирани, а другото починало.

Истовремено три лица, две деца и еден маж се пронајдени мртви во близина на Самос. Како исчезнато се води едно бебе, а пристанишните власти успеале да спасат 52 лица.

Во друг инцидент покрај островот Агатониси две деца и една жена загинале, а едно дете се води како исчезнато и по него се трага.

Според податоци на Врховниот комесаријат на Обединетите нации за бегалци од јануари досега од Турција во Грција влегле над 500 илјади бегалци и мигранти при обид да стигнат до централна и северна Европа.

– Нема да престанеме да вложуваме напори и ќе се бориме за да ги спречиме инцидентите со бегалците, изјави грчкиот министер за поморство и островска политика Тодорис Дрицос.

Би можело да ве интересира

Пронајдени тела на четворица мигранти, спасени 52 лица во близина на брегот на Тунис

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија