Над 1.700 лица хоспитализирани со поврeди за време на протестите во Турција

Од:

Над 1.700 лица биле хоспитализирани поради повреди здобиени за време на протестите во Турција минатиот месец, соопшти денеска турското Министерство за здравство.

Како што објави турскиот весник на англиски јазик „Хуриет дејли њуз“, Министерството прецизира дека 535 лица биле примени во болници низ Истанбул, а во останатите турски градови биле хоспитализирани уште 1.223 луѓе.

Освен во Истанбул, каде почнаа антивладините протести, демонстрации имаше и во други градови ширум Турција меѓукои и во Анкара, Измир, Ескишехир, Адана, Мугла, Кутахија, Анталија, Мерсин, Бурса, и Хатај.

Протестите против уривањето на паркот Гези во Истанбул почнаа на крајот на мај и постепено прераснаа во антивладини демонстрации низ целата земја. Во текот на неколкуте недели во демонстрациите учествуваа околу два милиона лица во 79 од 81 турски окрузи.

Во судирите до кои дојде за време на протестите, загинаа четворица демонстранти и еден полицаец.

Според Турската асоцијација на лекари, во судирите биле ранети над 7.000 лица.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски