На територијата на ИД во Сирија живеат и најмалку 70 деца од БиХ

Од:

Во изминативе две години најмалку 70 деца од Босна и Херцеговина завршиле во Сирија на територии под контрола на џихадистичката група Исламска држава (ИД), објави синоќа Телевизијата на Федерацијата БиХ (ФТВ).

Според телевизијата, овие деца биле одведени во Сирија од страна на нивните родители кои им се придружиле на ИД или на другите исламистички групи во оваа блискоисточна земја. 
ФТВ емитуваше снимки на вооружени лица во маскирни униформи сликани во пустинско опкружување, за кои се тврди дека потекнуваат од БиХ и дека се борат во редовите на исламистичките групи. 

Од 2014 година меѓу стотиците радикални исламисти кои заминале во Сирија се и 29 брачни двојки, кои со себе на патот без враќање ги повеле и своите деца, меѓу кои и имало и девојчиња стари само три години, тврди ФТВ.

Своевиден „рекордер“ е Мухарем Ѓиниќ, кој со себе во Сирија ги однел и својата сопруга и деветте деца. Пред да замине за Сирија тој бил припадник на радикална исламистичка група од селото Ошве.  

Дел од овие џихадисти се појавувале и во видеата во кои на босански јазик ги повикуваат муслиманите од БиХ „да им се придружат во џихадот“. Лице идентификувано како Мехдин Делиќ дури во една од пораките ги повикува неговите истомисленици да вршат самоубиствени напади во БиХ.

Според ФТВ, еден од главните центри за регрутација на борци на ИД во БиХ е селото Горња Маоча во близината на Брчко.

Голем број од мажите од БиХ кои заминале во Сирија таму и загинале, но нема никакви податоци што потоа се случило со нивните деца, наведува ФТВ.

Би можело да ве интересира

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина