Србија досега набави два милиона вакцини против коронавирусот

Од:

Денеска напладне во Србија пристигнаа уште 46.800 вакцини од производителот Фајзер, а утрово се испорачани 50.000 вакцини „Спутник V“, а премиерката Ана Брнабиќ посочи дека во Србија земјата се испорачани околу два милиона вакцини.

Брнабиќ посочи дека Србија има потпишано договори за набавка на 12.332.200 вакцини. Таа очекува во текот на март да пристигнат околу 600.000 дози.

Брнабиќ изјави дека е задоволна од процесот на вакцинирање и посочи дека многу земји зборуваат за успехот на Србија.

– Србија има 181.000 вакцинирани лица на милион жители и очекувам во следните 24 до 48 часа да ги престигнеме САД и да бидеме петта земја во светот според бројот на вакцинирани, рече Брнабиќ.

Таа посочи дека Србија е прва во Европа според бројот на ревакцинирани, а втора во светот по Израел.

Вчера, потсети Брнабиќ, во Србија пристигнаа 150.000 вакцини АстраЗенека и истакна дека ревакцинацијата со таа вакцина не се добива по 21 ден, туку после 12 недели.

– За 12 недели ќе добиеме уште 150.000 дози на АстраЗенека, а тогаш ќе можеме да ги реакцинираме граѓаните, кажа Брнабиќ.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ: Без разлика на предизвиците, важно е Србија и Република Српска да се држат заедно

Брнабиќ: Преписката на Скај до која дојде Европол е непобитен доказ дека Вучиќ е најголемиот непријател на криминалот

Брнабиќ: Очекувам убедлива победа на изборите во Белград

Го погребаа Вучиќ, некролог излепен низ Белград – пореметени луѓе мислат ова е политика, остра Брнабиќ

Анита Петровска Рајковиќ

Брнабиќ: Ова е обид за сценарио „Мајдан“

Горан Наумовски

Брнабиќ: Ја имате мојата оставка на маса

Горан Наумовски