На подрачјето на Хрватска Костајница воведени се итни мерки за заштита од поплави

Од:

На подрачјето на Хрватска Костајница утрово се воведени вонредни мерки за заштита од поплави, откако нивото на Уна на таа водомерна станица во осум часот утринава изнесуваше +383 сантиметри, соопшти Дирекцијата за цивилна заштита.

Поради покачувањето на водостојот на реката Сава, кој за седум часа достигна 688 сантиметри кај Јасеновац, се подготвуваат редовни мерки за одбрана од поплави. Сава не може да ја прифати целата вода на Уна, чиј водостој се зголемува долж течението на реката, па се очекува дополнително покачување на нивото на водата.

Во Грачац за 24 часа наврнале 245,4 литри дожд на метар квадратен. Како што е соопштено, водата во моментов се повлекува, но причинета е голема материјална штета.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски