На Грците им се препорачува да не патуваат во Западна Африка поради Ебола

Од:

Официјална Атина им препорача на Грците да не патуваат во Западна Африка, освен ако е апсолутно неопходно, по појавата на Ебола вирусот во областа.

Претставници на Министерството за здравство ја објавија препораката по состанокот со Грчкиот центар за контрола и превенција на болести (КЕЕЛПНО).

На Грците кои патуваат во Западна Африка им се препорачува да бараат насоки од КЕЕЛПНО кој е најдобар начин за избегнување на оваа смртоносна болест.

КЕЕЛПНО исто така, препорачува да се прегледаат патниците кои пристигнуваат од земјите каде што има починати луѓе од Ебола. Според локалните експерти, ризикот вирусот да се појави во Грција преку илегалните мигранти е минимален. Само еден мигрант од околу 6.500 кој неодамна пристигнал во Грција бил од Западна Африка, соопштија властите.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Се надевам дека нема да има промена во надворешната политика на Северна Македонија

А1он

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос