Белградскиот сплав „Фристајлер“ почна да тоне на новогодишната ноќ неколку минути по полноќ. Како што пренесуваат медиумите, во моментот кога водата почнала да го „голта“ сплавот, на него имало повеќе од 700 луѓе. Исто така, според медиумите, сплавот е регистриран за 220.
Целосната документација е потопена, а неупотреблив е и видео надзорот. Се завршило под вода, дознава „Блиц“.
Во рамки на преткривичната постапка, вештаци во соработка со инспекторите од криминалистичката полиција ќе извршат вештачење со цел прелиминарно утврдување на причината за потонувањето на сплавот.
Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, истакна дека 220 луѓе е лимитот на пловечки сплавови.
“Среќен сум што никој не беше повреден. Во октомври ја донесовме првата одлука како треба да изгледа сплавот за да работи, регистриран е за 220 луѓе“, рече Шапиќ.