На аеродромот во Истанбул уапсен Албанец со 10 килограми кокаин

Од:

Истанбулската полиција, на меѓународниот аеродром „Ататурк“ уапсила албански државјанин откако во негата патна торба открила 9,7 килограми кокаин.

Албанецот со иницијали Н.К.(48) пристигнал со авионот кој долетал од Сао Паоло, Бразил.

Дрогата била завиткана со посебна хартија која оневозможува идентификација од конторлорите на аеродромот.

Во меѓувреме успешна акција во спречување обид за шверц на скапа дрога имала и грчката полиција, која уапсила албанска државјанка и запленила пет килограми хероин.

При контрола во нејзиниот стан во Солун полицијата запленила и седум мобилни телефони, електрична вага и 8.365 евра. Во интерес на истрагата идентитетот на уапсената не е соопштен.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он