Мур: Ситуацијата во БиХ се уште е комплицирана

Од:

Шефот на мисијата на ОБСЕ во Босна и Херцеговина Џонатан Мур изјави дека ситуацијата околу формирањето на власта во БиХ се уште е многу комплицирана, пренесуваат локалните медиуми.

Според Мур за ОБСЕ и меѓународната заедница е важно дали новата власт ќе биде функционална и стабилна.

– Иднината на земјата не зависи само од позицијата на власт, туку и од тоа каква ќе биде власта, стабилна или не, порача американскиот дипломат.

Во изјава за сараевскиот весник „Дневни аваз“ Мур нагласи дека е тешко да се прогнозира дали власта на ниво на БиХ ќе биде формирана до крајот на годината.

Мур најави дека денеска ќе присуствува на конститутивна седница на Народното собрание на Република Српска во Бања Лука.

Општите избори во БиХ беа одржани на 12 октомври.

Би можело да ве интересира

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина