Мртво девојче е пронајдено на плажа во близина на Атина

Од:

Тело на девојче е пронајдено на плажа во предградието на Атина објавија грчките медиуми. Телото е пронајдено на плажата Палео Фалиро.

Проценките покажуваат дека детето имало околу две години.

Телото е откриено од египетски државјанин, кој веднаш се јавил во службите за итни случаи на бројот 112.

Екипа на брза помош го пренела телото на девојчето во Детската болница, каде што ќе се изврши обдукција за да се утврди причината за смртта.

Полицијата, исто така, ги проверува базите на податоци за исчезнати лица, но идентитетот на детето сè уште не е познат. Истрагата е во тек.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Грција

Мицотакис: Грција ќе ги ограничи маржите на горивото и производите од супермаркетите

Маринакис: Грчката Влада ги следи случувањата на Блискиот Исток, не постои причина за загриженост

А1он

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски

Висок грчки офицер e уапсен за шпионажа

Горан Наумовски

ICE приведe болно 18-месечно девојче и ѝ ги одзеде лековите