Москва одби да екстрадира обвинет за обид за преврат во Црна Гора

Од:

Русија му даде еден вид политички азил на Анание Никиќ, официjален преведувач на црногорската опозициска партија Демократски фронт (ДФ), кого Подгорица го обвинува за учество во спречениот обид за пуч на денот на изборите во Црна Гора на 16 октомври минатата година.

Црногорскиот весник „Побједа“ информира дека црногорското Министерство за правда потврдило дека на 9 октомври „ненадејно“ добило соопштение од генералното обвинителство на Руската федерација дека Никиќ нема да им биде предаден на црногорските власти, затоа што добил статус на бегалец.

Анание Никиќ бил официјален преведувач на опозицискиот блок, договарал интервјуа за руски медиуми и освен со лидерите на ДФ, имал контакти и со многу други претставници на опозицијата.

Во февруари Црна Гора издаде меѓународна потерница за апсење на Никиќ под обвинение дека бил дел од логистичката мрежа која го подготвувала превратот, а во март тој беше уапсен во близина на рускиот град Ростов. Неколку месеци подоцна беше ослободен од екстрадициски притвор со забрана да ја напушти Русија и должност редовно да се јавува пред руските власти.

Во судскиот процес за обидот за преврат во Црна Гора на 16 октомври 2016 година има вкупно 14 обвиненија, меѓу кои и против лидерите на Демократскиот фронт, Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ, како и двајца руски државјани.

Според обвинението, групата планирала да го заземе Парламентот на денот на изборите, да го убие тогашниот премиер Мило Ѓукановиќ и да обезбеди власта во земјата да ја преземе проруско и анти-НАТО раководство.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов