Момче од Ниш и негови роднини грабнале девојче кое насила сакале да го омажат

Од:

12-годишно девојче во Ниш било грабнато, но нејзините родители многу брзо успеале да ја вратат во нивниот дом, пишуваат српските медиуми.

Станува збор за девојче која живее во странство и коe со родителите дошлo во Ниш на летниот одмор.

Според српските медиуми, девојчето било измамено да дојде во куќа на момче кое сакало да се ожени со малолетничката. Момчето имало помош од негови роднини.

Но, откако нејзините родители дознале за настанот тие го вратиле девојчето дома.

Полицијата во Ниш потврди дека работи на расветлување на сите околности по пријава дека 12-годишно девојче стапило во брачна заедница.

– Работиме на прибирање на сите потребни и релевантни информации за тој случај – соопштија од полицијата.

Според статистичките податоци од 2022 година, 143 деца влегле во брачна заедница на 16 и 17 години, додека 60 деца биле на возраст до 15 години, што е за 17 отсто повеќе евидентирани бракови на млади до 18 години во споредба со 2020 и 2021 година.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија