Младенов: Бугарија нема проблем со Македонија

Од:

Бугарија нема проблем со Македонија, туку со националистичките изјави на некои тамошни политичари, изјави шефот на бугарската дипломатија Никола Младенов на денешната заедничка прес-конференција во Софија со неговите колеги од Грција и од Романија, Димитрис Аврамополус и Титус Корљецан.

– Нашата желба е да се вратиме на принципите кои во 1999 година беа потврдени од тогашните премиери на Бугарија и на Македонија, а со кои се затвораат во голем степен сите можни билатерални прашања меѓу двете земји, рече Младенов.

Треба да ги земеме тие принципи, додаде Младенов, и уште еднаш да ги потврдиме денес, но овојпат и со дела.

Изрази увереност дека со нормален билатерален дијалог ако, како што посочи, таква желба има и во Скопје, ќе биде најдена согласност за формата под која треба тоа да се случи.

– Така ќе стане реално и на политичко ниво да се изрази тоа што секојдневно го гледаме меѓу граѓаните на двте земји – постојани, добри човечки контакти, трговија, туризам, семејни врски. Имаме време да го израмниме тој пат, а од бугарска страна има целосна подговеност да бидеме максимално конструктивни во тој дијалог, изјави Николај Младенов.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит