Мишел: Историски состанок со Западен Балкан

Од:

Претседателот на Советот на ЕУ Шарл Мишел денеска на крајот од самитот на ЕУ-Западен Балкан во Тирана изјави дека овој самит е историски и оти е средба на која се пишува историја бидејќи за првпат се одржала на Западен Балкан.

– Овој состанок е важен бидејќи носи важни конкретни ангажмани на патот на интеграцијата, рече тој на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и премиерот на Албанија, Еди Рама.

– Длабоко верувам дека нашите деца ќе имаат побезбедна и попросперитетна иднина со Западен Балкан во ЕУ. Тоа заедничко верување не собра овде за да работиме на заеднички проекти, рече Мишел.

Секој од нас има задача да исполни за да ги унапреди реформите во владеењето на правото, реформите во судството и борбата против корупцијата. И ЕУ треба да ги поддржи овие реформи на опиплив начин, нагласи тој.

Тој информира дека се договорени заеднички проекти, со цел да се намалат негативните последици од војната во Украина во областа на енергетиката, безбедноста на храната и економијата. Затоа е важно ЕУ да го усвои финансискиот пакет, рече тој.

Во однос на миграцијата, Мишел нагласи дека оваа тема е многу „деликатна, чувствителна и предизвикувачка“, а ЕУ се соочила со тешкотии во овој домен.

– Затоа соработката со Западен Балкан е фундаментална за сите нас и би сакал да изразам благодарност што во последните денови успеавме да постигнеме напредок со усогласувањето на визната политика. Потребни се дополнителни одлуки во деновите што доаѓаат, но јас сум оптимист и уверен дека ќе биде постигнат напредок, нагласи Мишел.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мишел: Македонија има реална можност да напредува на патот кон ЕУ

Мишел по средбата со Вучиќ: Иднината на Србија е во ЕУ

Горан Наумовски

Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата

Мишел: Имаме договор за поддршка на Украина

Мишел: Ако ЕУ не постави цел, никогаш нема да сме подготвени за прием на нови членки

Мишел: До 2030 година ЕУ треба да биде подготвена за ново проширување