Мисаридис: Кипарската економија ќе се распадне ако не се изгласа данокот на банкарски депозити

Од:

Кипарската економија ќе се распадне доколку не се изгласа данокот врз банкарски депозити, предупредува нобеловецот и претседател на Националниот совет за економија на Кипар, Христофорос Писаридис, цитиран од весникот „Филелефтерос“.

Во изјава за кипарската информативна агенција, Писаридис искажа мислење дека колку и спогодбата со ЕУ да е болна за островот, единствената надеж да се спаси кипарската економија е да се изгласа овој закон, бидејќи во спротивен случај последиците ќе бидат многу полоши.

Тоа што Еврогрупата ни го остави да го направиме е невидено, рече нобеловецот и додаде дека ќе има истекување на странски депозити.

-Ако овој закон не се изгласа, ќе има безброј банкроти и многу кипарски вложувачи ќе загубат се што имаат, затоа што банките веќе нема да им ги отвораат вратите. И тоа ќе се случи сега, во следните два-три дена, а не во иднина. Нашата економија ќе се разурне, предупредува нобеловецот.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар