Милановиќ: Украина се распаѓа, Русија ја премина црвената линија

Од:

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ оцени дека Украина се распаѓа како држава, додека според него Русија, која со случувањата на Крим ја преминала црвената линија, треба да биде предупредена за натамошното однесување.

Милановиќ нагласува дека ситуацијата во Украина е многу покомплексна од што изгледа и додаде дека не може да се „појасни во две реченици“.

– Тоа е држава и нација, која постојано беше во настанување и која сега пред наши очи се распаѓа, изјави во емисијата на Хрватското радио „А сега Владата“, премиерот на најмладата членка на Европската унија и предупреди дека тој процес никој не го контролира.

Тој додаде дека за среќа Хрватска не мора да зазема радикални политички ставови, бидејќи сака да соработува со Русија, колку што е тоа можно.

– Тоа во голема мера ќе зависи од нив, така што во оваа смисла мошне ги мерам зборовите, нагласи Милановиќ.

Тој потсети и дека земјите-членки на Унијата не се единствени во однос на санкциите кон Русија.

Би можело да ве интересира

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците