Михајловиќ: Автопатот низ Грделичка клисура кон Северна Македонија ќе биде пуштен пред летната сезона

Од:

Работите на најдолгиот тунел во Србија-Манојле, во Грделичката клисура на Коридорот 10 кон Северна Македонија се во завршна фаза, а министерката за градежништво, сообраќај и инфраструктура Зорана Михајловиќ, очекува сообраќајот на оваа последна делница од автопатот да биде пуштен кон крајот на април.

По обиколката на делницата и на тунелот Манојле Михајловиќ изјави дека автопатот во Грделичка клисура е целосно асфалтиран, тунелот се опремува и оти очекува уште „козметички” работи, со што ќе биде подготвен за летната туристичка сезона.

– Очекувам кон крајот на април автомобилите овде да тргнат. Мислам дека е голема работа за сите нас, за Србија, да видиме дека сме одговорни и дека работиме, и сега можеме да размислиме за некои други автопатишта што ќе ги градиме, изјави Михајловиќ.

Таа додаде дека е пресреќна што Коридорот 10 во Грделичката клисура изгледа сосема поинаку од пред неколку месеци и потсети дека работите во Грделичка клисура започнале во 2014 година и оти тоа е најтешкото градилиште во Европа.

На новинарско прашање за доцнење на работите на Коридорот 10, Михајловиќ кажа дека многу проекти често се наследни, на нив се работело долги години, имало многу проблеми и постоеле и објективни и помалку објективни причини за доцнењето.

Како што информира министерката, минатата година Коридорот 10 го поминале 57 милиони возила, а годинава се очекуваат речиси 60 милиони, додека пред четири години, во 2014 година, имало 34 милиони возила.

– Верувајте ми, луѓето не одат преку Србија, бидејќи одеднаш одлучиле така, туку заради тоа што го гледаат крајот на изградбата на Коридорот којшто е најкратката рута практично помеѓу Истокот и Западот, истакна Михајловиќ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресот на СДСМ: Лага е дека ќе се вработуваат 3000 лица

Реакција од министерството: Изет Меџити ги има сите овластувања да управува со институциите

Кузеска: Историски најголема партизација, 3000 партиски кадри ќе вработи Изет Меџити

Левица: ЕВН легално ги краде граѓаните преку сметките за струја

Предраг Петровиќ

ДУИ: Изет Меџити останува без надлежности во Министерството за животна средина по обвинувањата за корупција и уцена

Предраг Петровиќ

Мицкоски од Вашингтон: Mакедонската заедница во САД го поддржа претседателот Трамп за изборите

Предраг Петровиќ