Мицотакис на гласачкото место пречекан со слогани за и против него

Од:

Слогани за поддршка и слогани против Нова демократија го пречекаа Кирјакос Мицотакис пред средното училиште во населба во западниот дел на Атина во кое утрово го оствари правото на глас.

Дописничката на МИА од Атина го посети училиштето каде што гласаше Мицотакис. Лидерот на Нова демократија пристигна во придружба на неговиот син, 21 годишниот Констнтинос, но и под силни бзбедносни мерки и со големо обезбедување. Влезот на училиштето беше преполн со поддржувачи на најголемата грчка опозициска партија кои го иззвикува неговото име и слоганите “Еве го еве го премиерот”.

Паралелно со поддржувачите на Нова демократија, слогани, но против Мицотакис извикуваа членови на левичарската партија АНТАРСИА кои подигнаа плакат на кој пишуваше “Те донесе СИРИЗА, ќе те избркаме ние”. Неколку минути атмосферата беше тензична меѓу поддржувачите на двете партии, со туркања, меѓутоа кусо потоа ситуацијата се смири.

Од групата што го подигна паното, за МИА објаснуваат зошто се решија на ваква постапка.

-Протестиравме против црниот ден што ќе се раздени утре и против строгата политика што ќе ја следи и ќе биде во иста вили полоша насока од претходните влади, вели за МИА член на АНТАРСИА, партијата која не е дел од грчкиот парламент.

Мицотакис воопшто не им придаде значење, а на патот кон гласачкото место застана да се поздрави, да поразговара, но и да се слика селфи со граѓани и поддржувачи на Нова демократија.

Му се обрати на едно семејство, односно на трите малолетни деца, а родителите за МИА велат дека Мицотакис на децата им рекол дека “од мали влегуваат во изборната атмосфера”.

Мицотакис по гласањето испрати порака дека Грците денес да ја земаат судбината во нивни раце.

-Изборите се голем празник на демократијата. Стојам исправен, со почит пред изборот на граѓаните. Денес, Гркинките и Грците ја земаат во нивни раце судбината на земјта и сигурен сум дека утре, за нашата татковина ќе се раздени подобар ден, рече Мицотакис во изјавата за медиумите.

Откако го оствари правото на глас, лидерот на Нова демократија, а веројатно и иден премиер на Грција, исто како што и беше пречекан, така и го испратија поддржувачите на неговата партија – со овации, аплаузи и слогани.

Дел од поддржувачите на Нова демократија кои од различни населби се собраа пред средното училиште каде што гласаше Мицотакис во разгвор со дописничката на МИА од Атина изразуваат убеденост дека нивниот лидер веќе од утре ќе биде нов премиер на Грција, за како што велат, “посветла иднина за земјата”.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, СДСМ нема да се откаже од европската иднина на државата

Предраг Петровиќ

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него

Орце Костов

Сиљановска води во сите скопски општини: Предност пред Пендаровски има и во Чаир, Сарај, Шуто Оризари

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески