Мицотакис и Ердоган „го скршиja мразот“: Да ги оставиме ланските тензии зад нас

Од:

Разговорот меѓу грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на денешната средба во рамки на Самитот на НАТО во Брисел, помина во позитивна атмосфера, изјавија за „Катимерини“ извори од грчката Влада.

Изворите велат дека двајцата лидери го „скршиле мразот“ и оти се согласиле „да ги остават тензиите од 2020 година во минатото, и покрај многу значајните разлики (меѓу двете земји) што постојат“.

Средбата меѓу двајцата лидери траеше еден час. Според агендата, следува средба на Ердоган со американскиот претседател Џо Бајден.

Целта на денешната средба меѓу грчкиот премиер и турскиот претседател беше да се постигне она што не се случи на нивните претходни две средби, во Њујорк во септември 2019 година и во Лондон во декември истата година, поточно да се отвори канал за комуникација меѓу двајцата лидери, коментира „Катимерини“.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Опозицијата ќе одговара за саботажата насочена кон турската економија

Горан Наумовски

Ердоган: Членовите на ЦХП дадоа информации и докази против Имамоглу

Ердоган: Протестите за апсењето на Имамоглу се претворија во насилно движење

Ердоган: Држат лекции за човекови права, но молчат за грозоморните убиства во Газа

Предраг Петровиќ

Ривалот на Ердоган, Имамоглу, во истражен затвор до судењето

ВИДЕО: Уапсениот градоначалник на Истанбул денеска пред суд, масовните протести продолжуваат