Мета загрижен за стареењето на албанската нација: Време е орлите да се вратат во своето гнездо

Од:

Албанскиот претседател Илир Мета реагираше по студијата на „Економист“ во која се предвидува песимистичка варијанта дека Албанија во 2100 година може да има само 860.000 жители.

– Не може да има поголема тага! Место благословено од Бога со извонредна убавина и природно богатство што го немаат многу земји во светот, сè повеќе се напушта, напиша Мета.

Тој потенцира дека брзината на стареење во земјата е исто така застрашувачка.

– Албанија се празни и старее со длабоко драматично темпо, како ниедна друга земја во Европа. Стапката на стареење е исто така застрашувачка: просечната возраст оваа година е 37,2 години, но по десет години се предвидува да се искачи на над 42 години, напиша тој.

Мета додава дека иако владите на среден рок може да имаат корист од емиграцијата, затоа што таа фиктивно го намалува нивото на невработеност или ги зголемува приходите од дознаки, во перспектива „доколку агресивно не се пристапи во решавање на овој феномен, би имало катастрофални последици, особено за земја како што е Албанија“.

– Сега е време да се врати надежта и самодовербата дека во Албанија има сонце за сите, а не само за некои. Вр

Би можело да ве интересира

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици