Мета: Нулта загриженост доколку Уставниот суд ме разреши

Од:

Пред денешната, трета седница на Уставниот суд, во врска со одлуката на парламентот за негово разрешување, албанскиот претседател Илир Мета во телевизиско интервју изјавил дека „чувствува нулта загриженост доколку Уставниот суд го разреши“, пренесува агенцијата Балкан веб.

Според него, разрешувањето од Собранието не се случило поради кршење на Уставот, туку затоа што тој го бранел суверенитетот на Албанија против непријателите.

-Има три години истраги, со фарса процеси, кои се поткрепени со членот кој веќе не постои во Уставот на Албанија: „агитациска пропаганда“. Ова е нивно прашање. Тоа воопшто не ми пречи како Илир Мета. Но, што се однесува до мојата одговорност како Претседател на Републиката, ова е важно затоа што се подразбира дека се е направено во функција на целосно заробување на државата и на институциите, кои ова мнозинство не можеше да ги контролира до сега, изјавил Мета.

На прашањето дали чувствува страв од евентуално разрешување, одговорил дека „ниту сум имал, ниту имам загриженост што ќе прави Уставниот суд по ова прашање“.

-Тоа затоа што сметам дека нема граѓанин на Република Албанија, кому не му е јасно дека се работи за процес, или дека сите процеси што ги иницира Собранието се засновани на членот „агитација-пропаганда“,член , што повеќе не постои во нашиот Устав. На претседателот му се суди за неговите дела. Уставот е многу јасен кога претседателот може да биде разрешен а тоа е поради сериозно кршење на Уставот! Значи ниту за полесни прекршоци ниту за други прекршоци! За тешки прекршувања! Знаете ли што е тешко кршење на Уставот? Тоа е кога претседателот го нарушува интегритетот на државата, да открие државна тајна која е во функција на интересите на непријателите на Албанија. Доколку го загрози националниот интерес, да речеме за границите на државата Косово или други интереси на Албанците, нагласил Мета.

Според него многу му е јасно, која е суштината на целиот овој процес.

-Илир Мета да биде казнет, ​​затоа што ги уништи плановите на непријателите на Албанија да го наруши интегритетот и суверенитетот на Албанија, суверенитетот и интегритетот на држава Косово, што е национална должност да ги заштитиме, како и другите национални интереси на Албанците, и нивната цел не ме загрижува. Напротив, јас и мојот тим ја извршуваме нашата должност за целосна одбрана на институцијата Претседател на Републиката, вели шефот на албанската држава.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски