Мета – Николиќ: Историско достигнување е решавањето на проблемот со името на Македонија

Од:

Албанскиот претседател Илир Мета и претседателот на Комисијата за надворешна политика на црногорскиот парламент, Андрија Николиќ, на денешната средба во Тирана размениле мислења околу последните случувања во регионот при што како историско достигнување го оцениле решавањето на проблемот со името на Македонија.

Нивен заеднички став е дека со отворањето на патот за членство на, како што рекле, Северна Македонија во НАТО и во ЕУ, ќе придонесе и во зајакнувањето на безбедноста во регионот и евроатлантските простори.

Оценувајќи ја посетата на Николиќ како дел од заедничката агенда за интензивирање на и така добрите односи меѓу двете држави, пријателството и соработката, Мета додал дека реализацијата на меѓугранични проекти за подобрување на инфрастрктурата се многу значајни за Албанија и Црна Гора

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија