Мета: На 25 април ќе има референдум за смена на власта и за европска иднина на Албанија

Од:

Албанскиот претседател Илир Мета изјави дека на 25 април ќе има референдум „многу поголем од оној во ноември 1995 година“, за смена на власта. Додаде дека на 25 април ќе победи европската иднина на Албанија, која со оваа власт е доведена во прашање.

-Неспорно, референдумот на 25 април ќе биде многупати поголем од оној од ноември ‘95. Бидејќи по 30 години, европската иднина е доведена во прашање. По 30 години сме останати толку назад по Србија, Црна Гора. Пред 15 години бевме далеку понапред. На 25 април, главните пречки во оваа иднина мора да се отстранат. Без сомнение, Албанија немала nиту еден друг голем проблем освен воспоставување на националниот интерес. Членство во ЕУ што е можно поскоро, изјави Мета.

На 25 април, според него албанските граѓани ќе гласаат против депопулацијата.

-Тука оваа појава е катастрофална. Ова го чувствуваат претприемачите, родителите кои се оставени сами на себе и секако 25 април е гласање против депопулација. Затоа ќе гласаме да останеме тука, рече Мета.

Запрашан за морската граница со Грција, тој рече дека нема коментар.

-Немам коментар се додека го имаме Уставот. Имаме посебна одлука на Судот по ова прашање. Овластувањата беа дадени во согласност со Уставниот суд. Секоја индивидуална акција не ја претставува Републиката, одговори тој.

На директното прашање што доколку Рама победи на 25 април и го добие третиот мандат по ред, Мета одговори со прашање: како може да изгуби европската иднина на земјата.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски