Месиќ: Недоаѓањето на Милановиќ во Србија не му користи никому

Од:

Недоаѓањето на хрватскиот премиер Зоран Милановиќ на важен мултилатерален собир во Белград не му користи никому, вели поранешниот хрватски претседател Стјепан Месиќ.

– Пропагандно-политичкото препукување на линија Загреб-Белград јавно преку медиуми, или со демонстративно откажување на присуство во Белград на важен мултилатерален состанок, не му користи никому, но сосем сигурно е дека го радува Шешељ, вели Месиќ за денешен Данас.

Во врска со одлуката на ЕП за Шешељ, Месиќ вели дека смета оти таа „во основа е коректна бидејќи адресира една сосем конкретна ситуација на соодветен начин“.

– Мислам дека мирно може да се постави прашање зошто ЕП никогаш досега не реагирал на сличен начин на ситуација што не може да се спореди со оваа, изјави Месиќ. Тој додава дека прашање е дали се требало да се подигне се до ниво на ЕП или било подобро во директни контакти со Србија да се обезбеди работите да се постават на вистинско место.

– Па, дипломатијата постои за такви работи, или заборавивме, вели Месиќ.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија