Месиќ: Ако Додик се одлучи за сецесија, би ја ангажирал армијата за да се пресече коридорот во Посавина

Од:

Поранешниот претседател на Хрватска, Стјепан Месиќ изјави дека тој би ја ангажирал војската за да го пресече коридорот во Посавина доколку претседателот на Република Српска, Милорад Додик, распише референдум за отцепување на РС од БиХ.

Месиќ во интервју за регионалната телевизија Н1, одговарајќи на прашањето, што би го советувал актуелниот претседател на Хрватска, Зоран Милановиќ доколку дојде до такво сценарио.

– Ако сакаме целосна БиХ и ако некој сака да ја скрши БиХ, ние со ОН, ЕУ и НАТО ќе мораме да одговориме со пресекување на коридорот и да ставиме крај на амбициите еднаш засекогаш, истакна Месиќ.

Тој оцени дека сè уште се присутни тие кои го „поддржуваат договорот меѓу (Фрањо) Туѓман и (Слободан) Милошевиќ за поделба на БиХ“.

На прашањето дали меѓу нив е и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, Месиќ одговори: „Тие се колнат во политиката на Туѓман“.

Додека за актуелниот хрватски премиер Зоран Милановиќ наведе дека најверојатно тој го „менува својот политички правец“.

Според Месиќ нема потреба од хрватските војници да бидат дел од ЕУФОР во БиХ.

– Не знам што би добила Хрватска од тоа … Европа има доволно сила да го направи тоа без Хрватска, наведе Месиќ.

Би можело да ве интересира

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски