Меркел разочарана од Приштина – зголемувањето на царината препрека за понатамошниот дијалог

Од:

Германската канцеларка, Ангела Меркел последниот потег на Приштина го сфатила како голема препрека за понатамошниот дел од дијалогот, пренесе српскиот весник „Блиц“, повикувајќи се на дипломатски извори.

Како што се истакнува, за време на средбата со српскиот претседател, Александар Вучиќ на церемонијата во Париз, тој инсистирал на одлуката на Приштина да ја зголеми царината на производите од Србија и Босна и Херцеговина.

„Меркел изразила разочараност од постапката на Приштина и сфатила дека овој потег е голема препрека за понатамошниот дијалог“, пишува весникот.

Изворот за „Блиц“ рекол дека Меркел се пожалила оти лидерите од регионот едно зборуваат пред неа, а сосема друго кога се враќаат во своите земји. Наводно, Меркел препознала искреност во Вучиќ за решавање на косовското прашање. Според изворот на „Блиц“ таа би сакала проблемот да биде решен додека таа е се уште активна.

Би можело да ве интересира

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

(ВИДЕО) Трагедија во Србија: најмалку осум жртви во пожар во старечки дом

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ