Мекалистер: Не верувам дека сите земји од Западен Балкан истовремено ќе влезат во ЕУ

Од:

Известувачот на Европскиот парламент за Србија Дејвид Мекалистер изјави денеска дека регионалната соработка на земјите од Западен Балкан е подеднакво важна како и нивниот европски пат, но додаде оти не верува дека сите шест земји истовремено ќе се приклучат кон Европската унија.

– Сите шест земји мораат поединечно да се анализираат. Србија може да се приклучи кон ЕУ тогаш кога ќе биде подготвена, но ние во меѓувреме ќе преговараме и не верувам дека сите шест земји ќе се приклучат истовремено во ЕУ, рече Мекалистер на панелот посветен на европските интеграции на 15. Економски самит на Србија, јавува Танјуг.

Тој изјави дека Србија и Црна Гора направиле големи чекори кон ЕУ, додека ситуацијата во Македонија е загрижувачка.

Тој истакна дека соработката меѓу државите во регионот е мошне важна, а улогата на Србија во тоа е од исклучително значење.

Мекалистер го поздрави продолжувањето на дијалогот во февруари и истакна дека напредокот во нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина е секако остварен и поздравен во Брисел.

Тој ги повика двете страни во следните недели да остварат конкретни резултати во спроведувањето на Бриселската спогодба.

– Европскиот парламент би сакал да види конкретни резултати и истовремено би ја поттикнал Европската комисија да ги отвори првите преговарачки поглавја со Србија, рече Мекалистер.

Би можело да ве интересира

ЕУ донесе нов правилник за Шенген и гранична контрола

Горан Наумовски

Дејвид Гир од Тетово: Сакаме да работиме со сите кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина