Меѓу ветераните на ОВК и албанскиот екс-прв разузнувач

Од:

Поранешниот прв човек на албанската тајна служба ШИК, Фатос Клоси, но и поранешниот министер за одбрана на Албанија, Сабит Брокај, добиваат месечна плата од косовската држава како ветеранина Ослободителната војска на Косово (ОВК).

Како што јави дописникот на МИА, двајцата високи функционери на албанската држава се дел од списокот на ветерани. Тие имаат статус на ветерани и се дел од Командата на Генералштабот на ОКВ во истата единица во која бил и поранешниот премиер на Косово и актуелен шеф на косовската дипломатија, Хашим Тачи.

Вклучувањето на Клоси и Брокај во списокот и добивањето статус на „ветерани од ОВК“, што подразбира 300 евра месечен паричен надоместок, се поврзува со нивната функција за време на војната на Косово.

Клоси беше на чело на ШИК од 1997 до 2002, додека Брокај прв човек на албанската одбара од 1997 до 1999 година кога и заврши косовската војна по интервенцијата на НАТО.

На списокот на „ветерани на ОВК“, меѓу другите, се и Али Ахмети и Нури Беџети од Тетово, кој сега живее во Приштина, потоа Агим Чеку, Хашим Тачи, Јакуп Красниќи и Фатмир Лимај.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент