Медиуми: 1,6 милиони евра поврзани со нападот во Либан поминале низ Бугарија

Од:

Бугарската телевизија bTV денеска објави дека 1,6 милиони евра поврзани со смртоносниот напад со пејџерите во Либан во вторникот и средата поминале низ Бугарија и биле префрлени во Унгарија.

Според извештаите, bTV оваа информација ја добила од извор во Државната агенција за национална безбедност.

Бугарските власти денеска соопштија дека МВР и Службата за државна безбедност отвориле истрага за евентуална поврзаност на неименувана компанија со нападот.

Локалните медиуми објавија дека софиската Норта Глобал ЛТД ја олеснила продажбата на пејџери на Хезболах, пренесува Ројтерс.

Нова серија експлозии се случи вчера попладне во Либан, еден ден откако 12 лица загинаа, а повеќе од 2.700 беа ранети кога пејџерите користени од борците на Хезболах експлодираа во координиран напад за кој Либан го обвинува Израел по неколкумесечни прекугранични оган.

Би можело да ве интересира

Израел го потврди историскиот мир во Газа

Првите израелски заложници ќе бидат ослободени во недела, објави Нетанјаху

Кабинетот на Нетанјаху потврди дека Израел и Хамас потпишале договор за прекин на огнот

Поранешниот заменик на Екатерина Захариева е нов шеф на бугарската дипломатија

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Израел: Хамас се предомислил за прекин на огнот во последен момент

Горан Наумовски