Матоши: Не се укинуваат ПЦР тестовите за македонските граѓани при влез во Косово

Од:

Денешната одлука на Владата на Косово „да ги отвори државните граници на Република Косово со Македонија, Албанија и Србија“ се однесува на олеснување на одредени царински процедури со тие три земји и не значи дека се укинува обврската за приложување ПЦР-тест за македонските граѓани при влез во земјата, изјави членот на косовската Влада, Халил Матоши.

Заменикот министер во Владата на Авдулах Хоти изјави дека станува збор за „погрешно толкување од страна на некои медиуми“ на дел од соопштението од денешната попладневна седница на Владиниот кабинет.

– Оваа одлука се однесува единствено на отворањето на одредени гранични премини со тие земји, со цел да се олесни движењето на граѓаните, но тоа не значи дека се укинати досегашните мерки и протоколи против пандемијата на Ковид-19. Значи, остануваат на сила сите мерки кои Владата ги има усвоено порано, а кои се однесува на влегувањето во земјата на граѓаните од странство, појасни Матоши.

Во соопштението по денешната владина седница беше наведено дека е донесена одлука „да се отворат државните граници на Република Косово“ кон Северна Македонија, Албанија и Србија, што според дел од приштинските медиуми значеше дека граѓаните на трите соседни држави нема да имаат потреба да приложуваат ПЦР тест со кој ќе докажат дека не се заболени од Ковид-19.

Меѓутоа, како што јави дописникот на МИА од Приштина, во официјалното соопштение од седницата на кабинетот на премиерот Авдулах Хоти, одржана со видео-конференциска врска, на ниедно место не се споменуваа тестовите или другите процедури кои граѓаните од тие држави треба да ги спроведат за влез во државата.

– Донесена е одлука за отворање на државните граници на Република Косово со Република Албанија, Република Северна Македонија и Република Србија, се вели во соопштението по седницата на косовската Влада.

Вечерва и Владата во Приштина излезе со соопштение во кое појасни дека процедурите за влез на странски државјани во Косово остануваат непроменети.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина