Матиќ: Секој лажен воен ветеран ја чини Хрватска околу еден милион евра

Од:

Хрватскиот министер за воени ветерани Предраг Матиќ денеска изјави дека секој лажен ветеран ја чини државата годишно околу еден милион евра.

– Сите кои ги користат правата од законите, а немаат право на тоа, односно кога ќе се соберат сите пензии кои ќе ги добијат, станбеното згрижување и сите други бенефиции, сметката е едноставна. Грубо пресметано тоа е еден милион евра, истакна Матиќ по владината седница.

Меѓутоа, министерот одбил да каже колку лажни ветерани се пријавени по објавувањето на Регистарот на хрватски ветерани од војната во 90-тите.

– Не сакам да зборувам за бројки. Околу тоа нема ништо спектакуларно. Беа потребни години за да се стекне политичка воља и тој регистар конечно да се објави, а сега институциите нека си ја вршат својата работа, порача хрватскиот министер.

Би можело да ве интересира

Хрват доби казна од 700 евра за коментар на Фејсбук: Можеше да заврши во затвор

РТЛ: Бродовите во Медулин биле запалени со „Молотов коктел“

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник