Масовен граѓански протест во Белград на годишнината од убиството на Оливер Ивановиќ

Од:

Во Белград организаторите на протестите „Еден од петте милиони-почнато е“ одржаа вечерва нов голем масовен протест, овојпат по повод годишнината од убиството на лидерот на Граѓанската иницијатива на Косово, „Србија, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ.

Колоната од повеќе десетици илјади граѓани беше повторно долга речиси еден километар и се движеше по веќе познатата маршрута низ централните белградски улици до Плоштадот Славија.

Граѓаните овојпат на почеток на протестната колона го носеа транспарентот со зборовите на Оливер Ивановиќ „Ние сме сепак повеќе“, а протестното шетање, кое беше меморијално се одвиваше во тишина, без пароли и свирежи, а беа пуштани само тонски записи со изјавите на Ивановиќ.

На протестот се обрати актерот Бранислав Трифуновиќ кој кажа:

– Ако не дејствуваш, тогаш гледај го насилството – во атмосферата на страв не се живее. Граѓаните се заплашени и јас ги разбирам, но никој нема право да ја загрози иднината на другите со нивниот страв, разбудете се – ние сме сепак повеќе.”

„Оливер Ивановиќ, беше човек кој размислуваше со главата и кој се бореше за мир и за заедничкиот живот на Србите и Албанците во Косово до крајот на својот живот“, рече актерот Бранислав Трифуновиќ на почетокот на митингот.

На протест беа повеќе лидери на опозицијата – од Сојузот за Србија, на Нова странка, Социјалдемократската странка на Србија и од други политички и граѓански групации. Во меморијалната прошетка, на врвот на колоната беа и членовите од поширокиот круг на семејството на Оливер Ивановиќ, како што претходно и најави неговиот брат Мирослав Ивановиќ.

Меморијалниот протест заврши со палење на свеќи во храмот на Св. Сава.

Пронаоѓањето на убиецот и налогодавачите на убиството на Оливер Ивановиќ во Северна Митровица, е едно од клучните барања на граѓаните кои протестираат на улиците на Белград повеќе од еден месец во Белград, но и во Ниш, Нови Сад, Крагуевац и други градови во Србија.

Инаку, вечерашниот протест против власта, се одржува непосредно пред утрешната посета на рускиот претседател Владимир Путин на Белград, која е означена како „историска посета.“

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски