Марковиќ: Мора уште да чекаме за добивање на датум

Од:

Претседателот на Единствена Србија, Драган Марковиќ изјави дека Србија поради косовското прашање, веројатно ќе мора да чека уште до добивање на датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

-ЕУ често нешто ново бара од Србија. Тешко дека државниот врв на Србија ќе го прифати тоа што го бара претставничката на ЕУ, Кетрин Ештон. Можеби уште малку треба да почекеме за тој датум, но и до сега живеевме без Унијата – изјави тој на седницата на главниот одбор на партијата.

Марковиќ истакна дека тоа не значи Србија да се откаже од европската интеграција, но нагласи дека не треба да се согласи на барањата на ЕУ поради кои ќе остане без дел од својата територија, Косово и Метохија.

-Сигурен сум дека државниот врв нема да се согласи на ништо, што го нарушува Уставот на Србија и во тоа имаат целосна наша поддршка. Србите на Косово не може да бидат во невладина организација – изјави Марковиќ, по повод барањето на Белград за формирање на заедница на српските општини со извршни овластувања.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски