Марко Милошевиќ: Татко ми ќе го обесеа доколку спроведеше приватизација

Од:

Синот на поранешниот претседател на Сојузна Република Југославија Слободан Милошевиќ, Марко Милошевиќ во интервју за неделникот „Афера“ изјави дека не се замерил со никого во Србија, не се занимава со работите кои му ги припишуваат и дека државата ја напуштил од безбедносни причини.

На некогашните пријатели на семејството Милошевиќ им порача дека живее нормален живот и покрај тоа што нема никаков бизнис и приходи, но и дека позитивно во целата приказна е тоа што се одалечил од луѓето со „две лица“.

-Еден дел од нив се однесуваше како Вук Бранковиќ, пред шест векови. Го продадоа својот шеф, неговите идеи и својата чест заради политички интерес. Таквите ја продаваат и својата вера за вечера. Тоа доволно зборува за какви луѓе се работи, доколку воопшто така може да се наречат-рече тој и додаде дека сега покрај себе ги има само вистинските пријатели.

-Нека ги хранат своите деца со парите за кои велат дека сме ги украле и сокриле, јас им подарувам се што ќе пронајдат-нагласи Марко и истакна дека единствена корист од некогашната функција на неговиот татко имал додека се занимавал со автомобилизмот.

Според неговите зборови спонзорите сами се нуделе и натпреварувале кој од нив да се рекламира преку него.

-Дали тоа е криминал или неморално? Доколку мојот татко спроведеше приватизација како онаа од 2000 година, ќе го обесеа на Теразија -рече Марко кој својот татко го смета за најдобар на светот.

Тој потсети дека родителите не ги бираме ние и дека имал среќа што бил син на Слободан Милошевиќ, кој според него бил подобар од таткото, кој тој го заслужувал.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани